тој (зам.) - извика (гл.)

Влезе сет црвен и задишен и место „доброутро" или „добарден", тој извика: — Mope врзете а кучката да не ми се загне, тето Достооо! — Врзана е, врзана, Крле, токо ела!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој извика силно добар ден, ама никој не му одговори.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бавно кревајќи рака, тој го скина пликот, и, штом ги прочита во себе првите редови, лицето му светна и тој извика: - Таксај, Бојано, таксај! - Што бре, што има?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А кога стивна бојот и кога виде морето како ги исфрла мртви неговите војници на брегот тој извика: на убаво место им е гробот и на најбезнадежно: под нив морето – над нив Елада, во сјајна бела кошула, сончев хиероглиф од крикови, зашто смртта е само обид да се заобиколат залудноста и заборавот!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Неговите седумдесет и неколку години му натежнаа и тој извика, „Кети, Кети.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој извика: „Аааа! Држете го, бреее! Аааа! Држете гоо!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Почнаа да вечераат... Една лута пиперка го олути Трајчета. Од очите му потекоа солзи и тој извика: - Ама е палена!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)