тој (зам.) - излегува (гл.)

Честите судрувања со потерите, откаде тој излегуваше секогаш победник го направија силен и симпатичен во очите на мариовските селани, додека четата од Организацијата имаше сосема друг став.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бараше од раководството од секое село да им праќа луѓе за караули — стража — каде што денува и кога почна да ги собира сите црквени пари под изговор дека со нив ќе купува пушки, кај селаните изгуби секаква симпатија и доверба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој излегуваше сека приквечер сам на прошетка и полека, полека зафаќаше дури далеку в поле.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Најпосле, откако Петре ќе решеше да влезе во друг дуќан, дуќанџиите, како што му палеа темјан при влегувањето, така при излегувањето го попрскуваа со ѓулсуи, и тој излегуваше на дрвени нозе, поревајќи се и не знаејќи сега на која врата да излезе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Симон избегнуваше да ме прима дома. Кога требаше нешто да разговараме, тој излегуваше на патот над куќа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Но јас мислев дека тој излегува ноќе, кога ние заминуваме и дека купува храна кај Брауни“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Добивам клоца во стомак... Се занишувам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Гледам... Се појавува, тоа е Визјо! Тој излегува прв... Од скалите, во еден скок...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Визјо е најстрашниот!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога му беше тешко среде книгите и не го наоѓаше саканиот излез, тој излегуваше на чардакот и ја бараше реката како патоказ на судбината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)