тој (зам.) - станува (гл.)

Тој стануваше во моменти на обесно настроение, кога е важно не само да се надигра противникот, ами и да се напука.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој станува веднаш и погледнува во салата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа беше еден од оние сонови кои, задржувајќи го карактеристичното сценарио на сонот, претставуваат продолжение на интелектуалниот живот на сонувачот и во кој тој станува свесен за факти и за идеи кои изгледаат нови и вредни и откако ќе се разбуди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Улога на камерата Улогата на камерата во Ворхоловите филмови е радикално променета во однос на нејзината конвенционална употреба: таа веќе не се сфаќа како неопходно објективна направа што ги бележи субјективните замисли на творецот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Улогите всушност се свртуваат: бидејќи авторот само ја вклучува (речиси во сите Ворхолови филмови камерата е фиксна за време на снимањето), тој станува објективен и на самата машина (низ грешки) како и на учесниците (низ инциденти) им дозволува одредена субјективност. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 99
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во таквите мигови сврти се кон големите и сериозни нешта, пред кои тој станува или мал и беспомошен, или напротив, добива на сила, прераснувајќи во релевантна алатка за формирање и изразување на твојот светоглед.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Афектите не се чувства; тие се постоења што го надминуваат оној што ги чувствува (тој станува другост).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Долго молчевме. Јас седев како здрвен, а тој стануваше и седнуваше, неколкупати го правеше тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се обидов да го убедам, колку што можев молезливо и благо, но тој стануваше нестрплив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дури тогаш писателот забележува дека стигнал при крајот на седмата страница, дека околу него се множат нови пливачи и дека тој станува некако сè повознемирен...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И се прашуваше, најискрено, дали поранешната редовна работна смиреност, барем во периодот 8-11 или 16-20, не е еден вид изолираност од инспиративниот хаос наречен ЖИВОТ?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И Кара-Демир го вообликува звукот во илјадници игли; се провлекуваат низ шуплинките на коските во осакатените нозе и де движат низ него цењлиот - коските му се сушат и се распаѓаат, тој станува изѕемната и глекава маса со покриена бојазливост за себеси таков.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во таа смисла тој станува (станува) и поаѓа на заслужена починка.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Нема излегување – барем не многу лесно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Односно, станува оној што си. ‌А штом ќе стане оној што си, си заглавил во неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, стане ли ваш, тој станува поединец, а не суштина, обична кралица, а не платонска идеја.237 Веќе не е чиста убавина и станува камп.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Си станал заточеник на сопствената автентичност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во вашето доживување, тој е фраериштето, падобранецот, дечкото од маало.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На крајот на краиштата, како да се оттргнеш од сопственото автентично јас? ‌Откако си го разобличил општествениот облик од неговото вкалапено, симболично, конвенционално, општоприфатено значење и откако си му внел длабоко и чисто лично, интимно значење, практично си го направил автентичен. (Ова е друг начин да се каже дека тој станува она што си ти.) А тоа значи и дека си се лишил од готовата постапка за бегство од него – за негово разглобување, раззначување, расветување и напуштање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не живеејќи ја суштината на животот, тој станува имитатор на некого или на нешто ( зависно што одбрал како цел).
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
66 „Тоа е еден дел од причината зошто.“ „Па“, рече тој станувајќи, “што ќе правиме ние? Ќе ги измиеме ли садовите?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)