тој (зам.) - стигне (гл.)

Пречек на Нова година!... Таа и тој стигнаа негде пред почетокот на програмата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа му го забрза одењето и тој стигна навреме, според тогашните превозни средства.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пред да биде уапсен поради реметење на јавниот мир (зошто се обидуваше насилно да ја свлече растревожената Чикита), тој стигна да изјави дека изборот за мис е чиста провокација; имено, татко ѝ на Чикита е водич на „федералистите“, а и нејзиното бикини било во боите на националното знаме на големиот сосед“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)