тој (зам.) - учествува (гл.)

Во 1900 год. тој учествуваше во „Македонската експедиција” на Руската академија на науките што го посети и родното село на Мисирков Постол, каде што се сретна со својот студент и ја имаше неговата помош и соработка.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Инаку, и тој член на бандата, и, се разбира, и тој учествуваше во нападот на „куќата на вештерката“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Откога ги слушнав сите интриги од луѓето и, откога ми кажааа дека и тој учествувал во сето тоа, објаснувајќи пред насобраните во дуќанот кај мостот што значи тоа арондација, дека е тоа окрупнување на земјата, спојување на парцели, во овој случај, заради продажба на луѓе од канадската мафија, па уште и дека Никола Поцо бил крвожеден, јас бев наежавен и тоа, сигурно, Владе можеше да го види и да го осети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)