тој (зам.) - пуст (прид.)

- Проклетници, не можеа ли да го отепаат тој пусти крал порано или подоцна, кога нема свадби, - гласно негодуваше Вита...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го потрошив животот по тој пуст копнеж да те пронајдам и зачувам, не успеав да те скријам од сите зла на овој свет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ги поместувам границите на сопствената душа и се ослободувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Лук вечеравме, а тој пусти лук ќе те занесе и не можеш да се разбудиш.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тој ибн Бајко, цврст и полничок, ама и сплескан како некој тежок туч уште од малена да го приземјил, малечок и нагнетен како колбас од потонот на игуменот, куцкаше од тој пусти туч секогаш со главата надесно, а со телото налево, зашто колкот му беше начнат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
– „Не ќе жалав толку, Боже, си велела со жалосен глас, за Силјана мој, ако беше умрел овде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам кога в море може да се удави одејќи на тој пусти аџилак.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Многупати татко му го поучуваше со кротко, до колку знаеше сиромав Божин, и многу примери му носел ѓоа да се тргне Силјан од тој пусти ајљазлак.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Многу пати татко му го поучуаше со кротко, доколку знаеше сиромав Божин, и многу примери му носел ѓоа да се тргни Силјан од тој пусти ајљазлак.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)