Од друга страна, посебен конструкт ретко, ако и воопшто, стои сам во нашето искуство, така што тој обично е подготвен заедно со еден или повеќе други соодветни конструкти да воспостави специфичен „контекст” за интерпретирање на очекуваните настани.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тој обично запираше на скалите за да поразговара неколку минути со него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На крајот од средбите тој обично ќе го замолеше татко ми да му даде книга од библиотеката за да им ја чита на козарите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На пример, доколку постои закон, тој обично се прекршува.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Строгост, строгост и строгост“, велеше тој обично и при последниот збор мошне значајно гледаше во лицето на оној на којшто му зборуваше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ако нешто се советува, личноста на тоа му се противи; ако од таква личност се побара нешто да направи, таа одбива и станува кавгаџиски расположена.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Почетокот на секое сочинение е најтежок“, ми велеше ноќта пред да се искачи горе. „Тој обично се плаќа со живот. Првата реченица во секое сочинение е најопасна, а зборот прв најотровен“, велеше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не беше тој обично детиште, не!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сепак, кога Дишан зборува за ова дело, тој обично ги опишува коцките како коцки шеќер, одвлекувајќи го разговорот од студенилото и смртта.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)