Меѓутоа, се таложат вековите на Балканот врз нивната свест и им шепотат - тоа е самата смрт преобразена во забесто и привидно неснаодливо животно, поточно гнил костур во чии обрачи на ребра е затворен светот со сите реки, градови и села, се со што живее како човек, животно растение: пеколот е на земја, земјата во него.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ако од првите дни или со првиот оган се јавувала кај човекот желба да има свој имот, надоаѓала и желба да им а единствено засолниште зад чиј обрач остануваат заканувањата на злото и сите недостатоци.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)