чиј (зам.) - чифлиг (имн.)

Падишахот му го испрати Дургугпаша од Измир со неговите Анадолци и така со Алипаша солунски, Бахитијарпаша јанински, Џавидпаша елбасански и Мустафапаша битолски, го направи својот триста илјадит корпус регуларна војска, на која ѝ се придружи целата фанатизирана турчулија од битолскиот вилает, предводена од назловените бегови и агалари, чии чифлизи гореа по леринско, воденско, кукушко, костурско и битолско поле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По тој повод народниот пеач ја запеа оваа песна: Ојти вие агалари, Агалари пашалари, Кажете му на султанот Нека коли нека беси, Македонија нек се треси!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)