чиј (зам.) - ќерка (имн.)

Одеднаш се крена цела бура околу нивното сознание чија ќерка сум, кои ми се сестри и целата гордост ми се крена во воздух.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
— Мори, мори, Рожденкината ќерка, ошче во пелените почнала да везе! — ја озборуваа Доста по чешмата невестите чии ќерки ни по десетте години не знаеја ни да везат ни да бројат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)