Кога Андре Лефевр се обиде да ја дефинира целта на Translation Studies, тој сугерираше дека намерата се состои во тоа да се „создаде сеопфатна теорија која ќе може да служи како директива во процесот на преведување“, и додека некои можеби се прашуваат за спецификацијата на оваа изјава, неговата јасна намера да ја поврзе теоријата со праксата е неспорна.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во својата расправа Светот на видеото и фракталниот субјект Jean Baudrillard ја дефинираше виртуелноста како она, кое ‘не е ниту реално нити иреално, не е иманентно ниту пак трансцедентно, ниту внатрешно ниту надворешно’, бидејќи им бега на сите одредби.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
„Вештина сѐ да се пресмета, сликарство што се манифестира со бурни феномени; тоа, во права смисла, се изградува како „механизам за маѓосување“; но едновремено, штом ќе помине вxашеноста и штом гледачот ќе го опфати таинствен страв, таа состојба може да се објасни само со враќањето на „менталните“ операции; се враќаме од маѓепсаноста, од илузијата за завршено дело, кон неисцрпната активност на духот, т.е. кон бесконечноста од рефлексии и анализи, односно кон чудото на непрекинатоста, кое ни самото, во крајна линија, не е ништо друго туку еден вид на исто така творечка и плодна илузија во која би сакале да веруваме или да ја дефинираме.“
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Категоријата „идентитет“ нуди веродостојна основа за принципиелна поткрепа за еднаков третман на поединците што ѝ припаѓаат на некоја таква група така што ќе се претставуваат како општа класа на лица – група иста како и сите други – и така што ќе им се обезважнат заедничките, дречливи разлики, сите оние забегани и тревожни дребулии што, всушност, барем делумно ја дефинираат, разграничуваат и составуваат групата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Генерациската различност си ја дефиниравме со отфрлање на геј-културата на претходните генерации – со отфрлање на самата геј-култура – како нешто очајно анахроно и неуко, како замена за правата ствар.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа и заминувањата од гранките на животот не требало да се сфатат како разделби туку само како можност за поинаков вид присутност што таа за жал сѐ уште не била во состојба да ја дефинира.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Секој обид на критиката, медиите, или на другите уметници да ја дефинираат оваа нова визија, беше попречен од уште едниот придонес на Ворхол во историјата на уметноста: неговата личност.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Коен ја дефинира глобализацијата како „множество од економски, културни и технолошки процеси кои го намалуваат значењето на територијалните граници во обликувањето на условите на живот на поединците и општествата“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
ИНФОРМАТИЧКИ ПЕРИОД (1950-2010)
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Техничките инженери од индустрискиот период (1500-1950) објавуваа текстови, упатства и прирачници во кои ја дефинираа еволуцијата во термини на Њутновите- Дарвинови-Гордон Лидиеви компетитивни обиди за моќ: опстанок на најбруталните, или според правилата. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 35
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)