јас (зам.) - почувствува (гл.)

Ти сфаќаш ли дека оваа недела јас почувствував колку навистина ми значиш!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во еден момент јас почувствував слабост и сакав да одам во тоалетот за да се освежам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Лежеше крај мене и молчеше а јас почувствував дека сум и наеднаш туѓ и не можев да се сетам дека можеби е презаситена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш го послужија појадок, тој се зафати со него, - да, а тогаш јас почувствував дека и јас сум смртник, и решив да отидам дома да појадувам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дедо ме погледна како да не им верува на очите, ме прегрна и ме погали по косата: - Пак сум се загубил Веданчо, - тивко ми рече, ама јас почувствував дека не му е жал што така му се случило, туку дури како да беше и радосен заради нешто.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа ја погали по разбушавената косичка, но јас почувствував дека не е доволна со напишаното.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Бидејќи одевме по удолнина, јас почувствував дека правам голема врева, ми се стркалаа камчиња под нозете па нормално и се откривме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Германците се сместиле во подножјето каде што врвевме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)