јас (зам.) - те (зам.)

А, јас те гледам онака опиен од твојот израз и тонам во истиот сон и не допирајки те.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Знам, - рече стариот. - Јас те прашам за сликата, ќе можеш ли да ми ја најдеш? Ако сакаш, ќе ти платам добро.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- За тој расипник! Ене го спие по кафињата, пијаница. Шуто, шуто, јас те куртулив од него!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Блеки, немирко низаеден! Така ли се бега од дома? Јас те галам - а ти си сакал другари. Е, Блеки, Блеки...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Секој го викаше како си сакаше, а тоа се вртеше, трчкаше - де кај еден, де кај друг - мило рунтаво црно топче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Занесени во нашата игра не забележавме кога дошла Кате од третата зграда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
— Нема назад, чичко, нема. Не двоуми се. Јас те праша и ти се кандиса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еј, јас те сакам, зар е малку да потечат овие најтешки зборови на свет, да се речат два збора во кои се собира целиот свет, додека пред тебе, сега клечам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Еј, јас те сакам, еве сега ти велам додека солзите течат и никој нема да ми помогне, за спас да ги сокријам солзите што блескаат од среќа, да загрли срце со љубов што го давам да не биде мое. Ама јас те сакам до небо, онака едноставно, како дете кога ќе ги рашири рацете кон бескрајниот небески простор, а само вечноста да остане зад нас.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Те сакам, те мразам, тагувам, те мислам, те чувствувам, јас те газам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
И додеваше молбено: - Кажи ѝ на сестра ти. Јас те бранам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не верувам. - А јас те молам да веруваш? се налути Петко. - Сам го видов со свои очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јас те набљудувам и набљудувајќи те правам своја...“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
ФЕЗЛИЕВ: (Мирно.) Јас те предупредив да не ме оставаш разоружан.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИЛИЈА: (како и погоре спокоен), Јас те поканувам да се спогодиме: ако ме победиш, ќе се откажам да ја барам Антица, а ако те победам да ми ја дадеш без да разбере народот што станало меѓу нас.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јас те молам попушти, оти самата чу со ушите твои кога кажа, дека ќе ја попрска куќава со гасие и ќе ја запали сосе нас.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но ти си мртов, брате. Јас те видов пробиен со олово и со ишарана кожа од пламенот на агентската запалка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Ќерко, јас те разбирам, ти си најуба девојка во Битола, колку шо си уба, барем толку си и умна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Види Петар, шо се однесува до мене, јас те знам и ме радува шо сестра ми – иако криела - се среќавала со човек од висок калибар како тебе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ќе седневме двете во дворот на клупата, ти раскажуваш за твоето детство, јас те слушам, а мачорот со сласт, срка ли срка од супата.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
„Под разгранетото костеново дрво јас те издадов тебе, ти мене...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас те издадов“, рече таа отворено. „Јас те издадов“, рече тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Често ми велеше дека ќе имаме дете, а сега молчиш и тоа ти тежи, знам дека е така, не го порекнувај тоа, но јас не ти се лутам, бидејќи тоа не беше услов да ти легнам, јас те сакав и те сакам како жена која сака маж без никакви услови, како што се сака летањето низ бескрајот во кој се дише само слободата.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Никакви знаци за подобрување на твојата состојба, беше прикован за креветот, но правеше напори сам да одиш до тоалетот, се придржуваше на мене, па кога ќе стигневме до тоалетот јас те чекав пред вратата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ќе рече - јас те поканив... ти не дојде...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И затоа јас те зедов од неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ами еве ве: јас те сакам, те сакам, трипати, не еднаш, ако сакаш да знајш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, јас те сака'м, мори Недо? — се опули во неа и лути мравки го полазија од пети до теме и ја удри главата ничкум.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Многу сум ти благодарна, што толку се загрижи и дотрча, просто со исплазен јазик, да ми раскажеш, да споделиш со мене ова - она и такви ми ти работи, но сега, јас те молам, оди си.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
КОСТАДИН: (Не се сеќава веднаш на што мисли Симка). И јас те милувам, Симке!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: (Се тргнува). Мајка иде!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тоа отприлика беше предмодерната ситуација.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она што го нарекуваме владеење на традицијата всушност претставува рефлекс на околностите во кои луѓето живеат по шемата „јас те набљудувам тебе - а ти мене”, кадешто секој е под контрола, под притисок на одреден тип на навики и обичаи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Исхак и Аја сме ние, тие она што не сме крајот уличарски се нуди човекот во туѓи мени губи ти се колнам, Време: си било едно нешто за многу века во сомнежот се заљубила река. Кога ни ти дојде, ни јас те чекав...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но еве, јас те потсетувам. Мајките служат и за тоа: да потсетуваат. Зборувам глупости, нели?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Глуждот ми се измолкнува од прстите, потоа телото се подига и јас те гледам оддоле, веќе преземена од ноќта, стануваш дел од неа, исчезнуваш . . . ***
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Јас те пратив на лозје, Калино! ти на лозје одиш, бело грозје береш, на ергени даваш, мори Калино!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ШЕСНАЕСЕТТА ПОЈАВА ТЕОДОС
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Ајде! - викнаа во ист глас Бистра и Миле.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се налутив. - Добро Мони, не е фер, - собрав храброст да ѝ кажам, ама тивко за да не чуе Јасмина, - нели јас те чекам веќе толку време да се симнеш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас те прашувам за машко, ми вели тој.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако е за искрено, јас те сакам со двете нозе, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се среќаваме и јас те прегрнувам со десната рака (во левата ми е топката).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
„Па токму со тоа си ме навредил: јас не сум никој... јас сум ти најпрва другарка... јас те запознав со сите...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Па јас те опитвам, мајката, дали е ова мојa татковина?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И негде таму, по нашиот пат на барањето на Моќта, јас те најдов тебе, Сендии. илустрација: Леонардо Лима 40 Margina #3 [1994] | okno.mk Хотелот „Нова Ружа” се состои од сандаци на скелиња, близу излитените рабови на аеродромот Нарита.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
БОРИС: Мајка ти те има прежалено, мисли дека си изгубен. А јас те сфаќам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јас те прашувам тебе дали можеш да направиш ем да ми расте косава, ем да не ми биде долга.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- И јас те сакам, ама тоа е поинакво сакање и ти тоа не можеш да го разбереш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Најверојатно јас те разбудив со мојата загледаност во тебе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)