ѝ (зам.) - објасни (гл.)

Тие ја сослушаа и почнаа да ѝ објаснуваат, покажувајќи двете со рацете во иста насока.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Неговите преводи на сиџилите ги објавуваат без неговото име, ни да го спомнат... - се обидов накусо, но адаптирано да ѝ објаснам с што ми се случи дента.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ѝ објаснуваат; - сигурно ќе продолжат кај некого дома, во тесен круг. Тие се интимуси. Вечерва е жртва авторот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Грдан ѝ пристапи поблизу, во напор да ѝ објасни или барем да се обиде, но зборот му остана в грло - како кога стоеше пред управникот на домот чекајќи да му биде изречена неизбежната казна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој крена раце да ѝ објаснува поподробно и се сврте да си оди, но таа го задржа иако не ѝ влеваше доверба неговата излитена облека и неговото испиено лице.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога таа се намурти во неразбирање, ѝ објасни дека и книги се даваат на заем и дека таму тој е само помошник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Само можам да ѝ објаснам...
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Милан беше ѝ објаснил дека, иако не мелеше брашно, таа сепак беше права копија на ”вистинска” воденица.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Духовитиот одговор му беше на врвот од јазикот, но изразот на лицето на Даниел го натера да си го проголта тој одговор. Тој му дозволи на Даниел да ѝ објасни.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Наместо да ѝ објасни, Кети ѝ рече, „Ја тебе учам“.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- На мачорот му викам. Нема врапче, - ѝ објасни Мишко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Му препуштив на Земанек да ѝ објасни; тој рече дека од раѓањето сум талентиран за еквилибристика, односно за акробации во кои најважно е одржувањето на рамнотежата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знам дека Весна не ќе ме остави додека не ѝ објаснам сè за студената чешма.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А јас ќе ѝ објаснам, само ја пуштам да мисли повеќе и самата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Вера почна да ѝ чита на Ели од книшката и да ѝ објаснува и јас по тоа разбрав дека нема намера скоро да си оди.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Брат ќе ти стане“, ѝ рече пријателката и гледајќи дека сè уште е збунета, побрза да ѝ објасни.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Сепак, како димензија, тоа е присутно во севкупната литература, - ѝ објасни Преведувачот на својата Помошничка, која на тоа убаво го измасира по грбот, плеќите, рамениците...)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
(- Да, креативна постапка во потрага по спорните признаци, - велеше Помошничката, - на секогаш амбивалентниот однос на „стварноста“ и реалноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Убаво ѝ објасни началникот што ѝ е најумно во вакви услови: „...ја испративме во ’Градска’, си кажа дека непознато лице ја нападнало во темница и таму убаво си ја средија жената“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- „Како се викаш? -“ ја праша. Марија ѝ го кажа своето име со воздишка на олеснување, а жената не можеше да го најде во списокот, иако го прочита неколкупати.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Набрзина ѝ објасни дека по пат ѝ се расипал автомобилот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се обиде да ѝ објасни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа некаква анамка, што ли? Не умееше да ѝ објасни на мајка си. Не, никогаш не ја беше видел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој ѝ објасни на мајка му на Сандри дека босилекот е царев мирисен цвет, дека во рајот има најмногу босилек и дека на Богородица тој ѝ е најмилото цвеќе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се пристемнуваше. Иако тешко можеше да го слуша од шумот на моторот, странецот се обидуваше да ѝ објасни...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кој ќе ѝ објасни што се беше случило толку страшно во нејзиниот живот за да ја доведе во ваква безнадежна состојба? До вакво растројство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија двапати го повтори името: Македонија, и кога ѝ се стори дека Елза нешто не разбира, ѝ објасни: ние сме во Југославија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Така е подобро, - се обидуваше да ѝ објасни.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Шефот на безбедноста, кому Хелвиг веќе му беше кажал за нејзината болест, ѝ објасни на Марија дека не може да го земе детето со себе без согласност на нејзиниот сопруг, кому судски му е доделено.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Стјуардесата се обидуваше да ѝ објасни дека сите патници така треба да постапат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија беспомошно погледна кон Хелвиг и кон Карл, и во истиот момент го замоли шефот некој да ја придружи до авионот. * * * Штом Хелвиг стигна дома, го остави Карл кај Марша, и без било што да ѝ објаснува, истрча надвор од дома и замина со колата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Зошто не се ни обиде да ѝ објасни нешто од тоа што се случуваше овие последни месеци?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Јана ја запознав деновиве - побрзав да ѝ објаснам на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Мислам дека нашиот Самоников беше вљубен во неа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Да, кога ќе ја доведеш Катерина ќе ѝ објаснам колку си ѝ верен и на колку начини може да ја злоупотреби твојата верност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не го дознав поводот ниту причината, но вујко ми еднаш, во разговор со неговата трета жена, одмавнувајќи со раката, се обиде да ѝ објасни некоја необмислена постапка на брат ми: „Остави го тоа момче што толку лесно заскитува негде над своите вистински можности!“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Учителката зачудено го пречека новото дете, но Лидија ѝ објасни: - Ова е Зоки, учителке. Зоки Поки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
ПЕТРИЈА: (Сака да ѝ објасни.) Кум Давадос...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Доста беше, што — беше! И — како ништо да не беше!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Мајка ми се вознемири. Не можев да ѝ објаснам што се случи.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ова мора да ѝ го кажал подоцна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се возеа во автобусот на турнејата. Имаа снимено албум и компанијата им беше дала помошник, возач, и автобус.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Беше мртов пијан, и тоа го спаси,“ ѝ објасни Далтон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Татко ми ѝ направи некаков знак со веѓите и очите и ѝ објасни: - Јас ќе одам да го оправдам кај наставничката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
-Не ми кажа кое ти е другарчево, - ми се сврте пак мене и јас знаев дека ќе морам да ѝ објаснам, оти таа е толку многу љубопитна што не би поднела да не го дознае тоа што ја интересира. Ѝ дадов знак со раката да дојде в кујна, за да не зборува гласно пред Чавка и таа се загледа во мене со големо внимание.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И токму кога сакав да ѝ објаснам дека било ненамерно, таа ми возврати со плуканица среде лице.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Го крена парчето и почна да ѝ објаснува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Авторот се обиде да ѝ објасни дека поради откривањето на Едо Бранов од Охрид, тој се чувствува задоволен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Овие нешта напати ѝ блеснуваа во малечката главичка, само никогаш не успеваше да си ги објасни или едноставно забораваше да побара да ѝ објаснат кога ќе се најдеше во друштво на мајка си и на баба Перса, односно на Мајка Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А јас ќе ѝ објаснам, само ја пуштам да мисли повеќе и самата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Знам дека Весна не ќе ме остави додека не ѝ објаснам сѐ за студената чешма.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Брат ми ѝ објасни дека пудриерата ја купил во некоја старинарница, а мајка ми обожава стари предмети, колку постари- толку повеќе ѝ се допаѓаат, а од ова огледалце просто не може да се одвои. Го носи со себе каде и да оди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога ги менува чантите, ако е посвечено облечена, па не ѝ одговара таа што секој ден ја носи на работа, во другата, свечената, го преместува и огледалцето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)