ѝ (зам.) - побара (гл.)

И кога таа помина крај него, тој ѝ побара вода.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но лекарот ги извади слушалките од ушите и ѝ одмавна со главата, па место кочанот со рецепти ѝ побара да ископа од торбата посмртен лист, па ѝ издиктира како да го пополни според податоците од здравствената книшка и плус неговата дијагноза на латински јазик како причина на смртта. (Нешто како апоплексиа фулминанс).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Понекогаш доаѓаше до искушение да ѝ побара од некое од јадењата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја прашав како се вика и ѝ побарав вода. Молчеше. „Се викам Лозан“, реков. „Ова село Лесново ли е?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Глупаво беше да молчам само заради тоа што сум збунет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сега, штом ги виде чорапите изгужвени, ѝ побара на Митра ножици и распара еден од чорапите до каде што беше искинат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)