Кучките сестри беше 'и викнала таа ѓоа да ѝ поможат за раѓачката, да ѝ сторат измет, и наместо измет пакос ѝ сториле.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Големите сили ќе ѝ поможат на Турција да се оддалечат сите неправини за македонските народности од националните и верските пропаганди и да се обезбеди нивното самостојно постоење и развивање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ја грабнаа сирота невеста на правина и ја врлија во темни зандани.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Тука беше и Марија, среќна, пресреќна, што можеше да ѝ поможи на Мајка, а и да биде крај својот претпоставен Игор Лозински.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)