ѝ (зам.) - понуди (гл.)

Уште повеќе што американскиот претставник Донован, а исто така и Британците, немале што да ѝ понудат на Бугарија за возврат ако ѝ се спротивстави на Германија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По неуспешниот разговор, Донован ја продолжил балканската турнеја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Низ каков сѐ чакал, плевел и горчливи мирудии се провираат водите на животот, и какво сѐ зелениште во него не вирее!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мал Борче пред некој ден во доверба ми рече дека Кире од кадровското го викале врбов прат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А ти, другар Ѓурчин потоа мисли му ја каде ќе ја сместиш таа навалица и каква работа ќе ѝ понудиш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го оптоварува, значи, грижата за неа, помислата како таа врви без него во овие тешки воени времиња, особено зашто знае дека таму нема некого што би ѝ понудил каква годе помош доколку таа ѝ биде нужна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Една слаба рака со машки влакненца и широка бакарна алка се проби низ толпата околу масата и ѝ понуди запалка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повторно го видоа дури кон крајот на есента, во еден рибен ресторан во Барселона, облечен во истиот невообичаен комплет и со косата сплетена во долга плетенка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)