ѝ (зам.) - потече (гл.)

Војник не сакаше да им оди, а таа кутрата, господ да ѝ прости... - рече Божана - ѝ се стегна грлото и дури одкако ѝ потекоа солзи од очите, бришејќи ги, изговори некако:- Се обеси.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ханка ги отвори очите, сакаше да ѝ рече нешто, но од устата ѝ потече горчлива пена и потоа повраќаше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш солзи ѝ потекоа, но не сакаше тоа да го види мајка ѝ.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кети не плачеше, не липаше, ниту цимолеше, но две солзи се процедија и ѝ потекоа по образите, така што кога Милан ѝ се доближи, нејзиното лице го потсети на насолзеното лице на волшебната икона која плаче, што ја видел во еден манастир во Стариот крај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Брадавиците на нејзините малечки гради се покажаа под маицата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Девојката немо ја подигна раката до зацрвенетиот образ, а од очите ѝ потекоа солзи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа значи е крајот! Солзите сами ѝ потекоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
САВЕТКА: (на која ѝ потекуваат солзи на очите, ја милува по косата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ѕвезда го позема јаболчето, од жал за баба го позема и загризува. Низ прсти ѝ потече блажина.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ѝ потекоа солзи, а солзите не ги сакаше Чана, ја отчепи устата Ми за то соузи? Радост да ти вим у очте а не соузи!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На Пелагија исто така ѝ потекуваат солзи, ама таа не сака да си ги забрише како некои од толпата, туку дозволува слободно да се разлеваат по лицето и да капаат врз убавиот фустан.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мама слушаше внимателно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Очите ѝ стануваа сè поголеми - се насолзуваа, а мама се воздржуваше да не заплаче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не додржа: низ образите ѝ потекоа две шурки и мама ги бришеше со левата дланка...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- И сол ми донесол домаќинот! - израдувано рече мајка му, го прегрна и од очите ѝ потекоа солзи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сестра ми се плаши зашто еднаш ќе останеше без око. Ѝ го извадивме осилото од клепката, но окото ѝ потече и две недели ѝ беше затворено.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Врели солзи ѝ потекле по образите и се стопиле со малтерот што го размачкувала мистријата по каменот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Исправена во дното на отворот, личела на Марија исправена зад својот олтар. „Збогум, скуту мој, рекла младата жена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)