ѝ (зам.) - проговори (гл.)

Кога срната го дојаде сенцето од раката на бате Јолета, тој ја помилува по обравчето, нешто ѝ проговори, како што видовме, и исчезна зад црквата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ништо не ѝ препроговорив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја погледа на месечината и ѝ проговори: — Ајде, море златна, со тебе сега век ќе векуам. Биди послушна како Стојна досега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но и покрај нејзиното молчење, мајка ѝ проговори: - Мислам дека треба да го пуштиме врапчето кај неговите другари.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Татко ми првпат ѝ проговори од книгите: – Јасно е како ден.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не сум ни шпион, ни друго, велам, и јас не знам што велам, не смееш накриво да ѝ проговориш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гркинките се приближија до Македонката, нешто ѝ проговорија и оваа бргу бргу ги завлече децата и едно по едно со изговорување на името им ги предаде на Гркинките, а овие откако ги поздравуваа со стисоци на рацете, ги сместија во нивниот џип, кренаа раце во знак на поздрав до толпата, џипот испушти еден силен прдеж и замина по истиот пат по кој и дојде.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)