ѝ (зам.) - светне (гл.)

По раѓањето на Нешка, лицето ѝ се избистри и обеле уште колку што беше бело, очите ѝ светнаа како молња, косите ѝ беа заплетени, прибрани, а растресените цулевци како свила ги покриле ушите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Куќата ѝ светна. Таа му меси погача на Стоја, му напржи месо од крмнакот, му ја наполни залупката со месо и сирење, пагурчето со ракија, зоб за маските.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега куќа нејзе ѝ светна, гредите, од црни, саѓосани, се претворија во бели, нови, небарем вчера Илко ги наделал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трајко не остана поназад, ама и на Миша ѝ светнаа очките како на мачор в темница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А нападот понекогаш може да претставува вистинска стратегија. ѝ светнаа сите црвени светилки во еден миг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа вкочането гледаше во неа со вдахновена длабина и јакост, така што во главата ѝ светна помислата дека, и покрај сѐ, змијата може да е вистинска и дека е подобро да побегне.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше со еден тенок, лесен фустан, колената пред мене не ѝ ги покриваше. Оние црвени дамки на лицето ѝ светнаа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ема веднаш го покри со раката за да не забележи некој, а со ракавот од блузата си го избриша челото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа ѝ светна дека веројатно и нејзе ѝ се направиле потни кругови исто како на водителката во емисијата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)