Македонец (имн.) - ги (зам.)

Македонците ги истераа од домовите... Војна е!... А јас сама жена..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Впрочем уште од најстари времиња, низ многулетијата, меѓу македонците има многу познати филозофи. * * * Набљудувачкото око на македонците ги знаеше причините поради кои: веке одамна беше зрело и презреано решавањето на македонското прашање за влез во Европската унија каде географски припаѓаме.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но Македонците ги успокојуваа Бугарите: Чекајте вие, нека ни дадат нам автономија, па ќе видите оти по неколку години таа Македонија ќе биде бугарска, зашто повеќето од македонската интелигенција го доби своето образование во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И дипломатите и многумина други, во повеќето случаи Македонците ги именувале според нивната црковна припадност.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)