Камилски имаше уште многу да каже за поимот аир, имаше многу белешки пред него, но, сепак, реши да го заклучи своето излагање со уште една изведенка од зборот: Во балканските јазици е мошне често употребувана изведенката аирлија со значење со среќа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Внесен со години, со својот нерв на автодидакт во миграторските движења на птиците и рибите од Езерото, градеше своја излезна дијалектичка игра.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тие стравуваа, макар автодидакти во лингвистиката во нивниот речиси утописки проект, како и многу други реномирани научници на Балканот, од пресилен патриотизам да не станат застапници на национализам.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој, како и Татко, автодидакт во лингвистиката, по свој пат доаѓаа до сознанието од науката за постоењето на балканскиот лингвистички сојуз, до кој не беше дојдено со некаква присила или мировен договор, туку според логиката на долготрајниот соживот на балканските народи со различни јазици, вери, националности, обичаи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И Татко и Камилски, макар формирани во различни струки и со различни мајчини јазици, првиот правник, вториот професор по педагогија, сепак остануваа информирани автодидакти во нивната мисија да се справат со туѓите зборови во нивните мајчини јазици, и посебно со зборовите со опасна конотација од османскотурскиот период.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)