Додека ја читав токму таа книга за Твоите духовни пријатели (пред дваесетина години, кога уште не Те знаев), за првпат помислив дека нејзиниот автор треба да е некој чувствителен, прилично фрагилен човек (un uomo fragile!), кој тешко дека се вклопува во кодифицираната слика (имагологија, стереотипија...) за стандарден балкански писател.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Рече дека народната уметност денес треба да биде „планина на народниот дух, папок на нацијата, со која секој автор треба да остане во невидлива папочна врска целиот свој живот.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Народната уметност, таа „планина на народниот дух, папокот на нацијата, со која секој автор треба да остане во невидлива папочна врска целиот живот“ (повторно ја задевав Луција), онаа традиционалната, нема познат автор.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тие настани најчесто се селектираат така што преку нив треба да се бележи севкупната судбина на едно семејство, што служи како пример за начин на живеење во рамките на животот на еден цел народ (Solar, 2006: 262).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Докажувајќи (на дело) дека расната белетристика тешко дека се пишува од авторската позиција која би го застапувала стандардниот машки гард: рационален, академски, дистанциран...
***
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)