Во насловот е концептот. Насловот го поетизира и уметнички го артикулира актот кој најчесто е резултат на една дисперзирана естетика и еклектична филозофија полна со контрадикторности.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тие, едноставно и ладнокрвно, не се земени предвид (David Daube) – па оттука, сосем точен е впечатокот дека правните акти кои се донесуваат во оваа област, се сконцентрирани првенствено на оние кои имаат [имотните/ богатите/работодавачите], односно оние кои го заземаат централното место во ‘високото општество’ и кои благонадежно ги финансираат предизборните кампањи на речиси сите поголеми политички партии кои подоцна, кога ќе дојдат на власт, во знак на благодарност и по принципот „Do ut des – ти дадов за да ми дадеш“ ги спроведуваат нивните антиработнички агенди. Оние кои немаат [неимотните/сиромашните/работниците], како да се невидливи за системот – тие, заедно сосе нивните проблеми, просто- напросто, се игнорирани!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
При спроведување на извршувањето извршителот е должен да води сметка за достоинството на личноста на странките, учесниците во постапката на извршување и нивните семејства, како и за тоа извршувањето да биде поповолно за должникот (чл. 5, ЗИ). 46 Ристески против Македонски железници Спор за поништување на незаконито отказно решение1 Quod contra legem, fit pro infecto habetur (C.J. – 1,14,5,1) Правните акти кои се спротивни на законот – ништовни се!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Извршувањето заради остварување на парично побарување не може да се спроведе врз предмети или врз права кои се нужно неопходни за задоволување на основните животни потреби на должникот и на лицата кои тој според законот е должен да ги издржува, или за вршење на самостојна дејност која е должников главен извор на средствата за живот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)