Макар што кабинетот му беше во подрумот на поликлиниката, тој бавно но сигурно се искачуваше по излижаните скалила на хиерархијата во зградата на струката - од асистент до предавач, без амбиции да го замени пензионираниот шеф на катедрата и раководител на клиниката, за што и така немаше да наиде на поддршка ни кај колегите ни пошироко.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но најопасно е кога кај човек од неговите длабини, од инстинктите ќе се влее во неговиот табиет амбицијата да владее со народот, со светот, небаре до крајот на времето!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Историјата бездруго познава такви табиети од најстарите времиња до денес.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И покрај сѐ, нејзината амбиција да стане учителка не исчезнуваше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Зарем не бев несвесно обземен од амбицијата да им се допаднам на надредените?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)