Во текот на судскиот процес доаѓа до промена на директорот на МЖ (на оваа позиција сега доаѓа Н.Димитровски).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Додека го слушаше директорот како изнесува нови аргументи во прилог на можното откритие, Татко веднаш, со мислите, се пренесе кај Мајка, во ноќта по балканскиот покер, кога, пред сон, ѝ ги истури сите маки.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Бараше упорно аргументи во времето во кое живеел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој всушност сакаше да укаже токму на натрапниците во балканската историја! На нивните вознеси и заблуди, на илузиите и апсурдот. Колку погоре, толку потрагично.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Напротив, нашите катхези ѝ соодветствуваат на објективна структура на нивно барање, обликување и складирање која придонесува далеку повеќе кон значењето на некое дело од масовната култура отколку што придонесува истрошениот естетски дизајн, односно проѕирната идеолошка пропозиција, кој е сѐ што останува кога ќе се пренебрегнат. (68–69)
Ова во прв ред е аргумент во прилог на значењето на масовната култура во „сентименталната историја на општествените групи“,123 а во втор ред е аргумент да се воведе во проучувањето на масовната култура еден вид критика која е поинаква од чисто идеолошката, критика што се сосредоточува на содржината на самата форма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова можеби беше најсилниот аргумент во борбата против антикозарите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Новиот директор и управниот одбор не покренуваат жалбена постапка на пресудата во корист на Ристески, затоа што немаа никакви аргументи во своја полза и само ќе требаше да се изложуваат на нови непотребни трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Уште тогаш си создавав во свеста семожни аргументи во прилог на стратегијата за моето заминување од Цариград.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)