Ах, новопечен градителу, нека ти помогне Големиот архитект на небото, создателот на сите светови.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Хотелот бил проектиран од познатиот архитект на времето Герардо Бозион, а дизајнот му бил доверен на Ѓио Понти.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Европски образован, завршен студент по архитектура на Универзитетот во Оксфорд, началник на урбанизам и главен архитект на Истанбул.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во тој свет на маалото имаше населено, пред војната и по војната, луѓе од сите страни на Балканот, но и надвор од него: Македонци, Албанци, меѓу нив муслимани, католици и православни, познати како Шкрети, Турци, Срби, Ерменци, Грци, Бугари, Власи, Хрвати, Босанци, Роми, дури по некое руско семејство и други, сите поврзани со заедничката грижа на опстанокот на семејствата, како да ги нахранат децата во гладните времиња, принудени во едно време да чуваат кози, да се здружат со козите на козарите, повикани од режимот од планинските села, да станат работничка класа, но набргу козите од други причини им беа одземени од козарите и ликвидирани, а козарите не станаа никогаш работничка класа каква што ја замислуваа архитектите на новото комунистичко општество.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)