Ако си граматик или сказник, писател ако си, и ако ја напишеш првата реченица точно, тогаш си постапил како вешт ловец кој добро нанишанил пред да ја пушти својата оптегната стрела во пленот свој; ако не, безумие во сочинението настанува, и сите подоцна родени зборови, гласови и букви се залудни.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сокриена сензуалност Рафинирана еруптивност Во звуците на една џез мелодија Се раѓа, умира и воскреснува Сака да направи пресврт Во животите на оние како нас Кои зачмаеле во монотонија Во меланхолија Во безидејност Во безцел Во бездејство Во безумие Во безбоштво Во бесмисленост Во безживотност Во бессознание Во бескрупулозност Секој во својата несовршеност Продолжува да верува дека Работи Создава Љуби Постои Зачекорен со наведната глава Не подзапирајќи ни за момент Да се запраша Да погледне Да спознае Една вистина Која не толку длабоко сокриена Искрено чека да ни погледне в очи 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)