Па затоа и Крсте и Ѓуро поминаа на тој ред и одлежаа по десет дена во тесните ќелии, стенкаа под тешкши тумрук и сите други стеги, но по десетте дена веќе беа во една од широките темни одаи, со уште дваесетина како нив, и почнаа да кркаат од тавите печено бравско месо и кисело млеко што им идеше од градот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Оковани во прангите, со белегзиите на рацете и синџирите на гушите, ги помина неколку јаничари низ Стамбол но тука не предизвикаа некое големо љубопитство кај луѓето низ чаршијата, бидејќи вакви појави во Стамбол не беа реткост како во малите гратчиња во провинциите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се знае. Кој доспеал во тој затвор не ќе се пофали со добра постапка; нема да помине без тесни долапи, ситен синџир на гуша, белегзии на раце и тежок тумрук на нозе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Попот и Трајко беа оковани со пранги од по дваесет оки и врзани со синџири за гуши, со белегзии на рацете, потоа двајцата еден за друг и така ѕевгарички идеа водени напред од четворица сејмени, а назад следени од осум.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)