бело (имн.) - и (сврз.)

Има нешто особено привлечно во тие чиновнички деца, како да се растени во еден свет поубав од нашиов, нешто бело и сладосно топло, како што е бел, топол и мек лебот што го јадат чиновниците.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Секоја ноќ сонував ангели. Луѓе облечени во бело ме посетуваа, божем ако удрам со секирата по глава, крвта ќе се распрска по белото и ќе се гледа многу оддалеку.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но тој збор ја означува исто така и способноста да се верува дека црното е бело и, уште повеќе, да се знае дека црното е бело и да се заборави дека се верувало поинаку.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)