Отец Симеон немаше почит за бесмислици и политичка малолетност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Измисли бесмислица и тихо смеурење: месечари од цел свет, излупете го месецот како диња и загризете во него во името на вашето спокојство.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И иако знаеше дека сето тоа се бесмислици и дека взаемната љубов на мајка ѝ и на татко ѝ нема никаква врска со болеста и со умирачката, сепак тие три години му беше лута.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)