Не помалку изненадување претставува големата изложба на книги, организирана во една огромна изложбена зграда, на пет ката, каде што на штандовите имаше прикажано над две-три стотини илјади разни книги, книжевен фонд каков што би посакала ода има секоја позначајна библиотека во светот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Набргу продрев во малата тајна - Татковата библиотека во којашто тој ги криеше книгите чии пораки се судираа со новите идеологии на Балканот и чие натамошно чување можело да биде опасно за семејството.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Можеше, со право, да се смета дека тој ја поседуваше најголемата приватна библиотека во земјата, а некои велеа дури и на Балканот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Од 1953 до 1970 година, односно до пензионирањето бил уредник во издавачката дејност на Матицата на иселениците на Македонија, во Скопје.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Подоцна бил библиотекар при Градската библиотека во Скопје.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ова е само дел, имам по цели библиотеки во другите соби.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
По падот на режимот на Перон, бил директор на Националната библиотека во Буенос Аирес и професор по англиска книжевност на Универзитетот во Буенос Аирес.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Борхес има извршено силно влијание врз тековите на европската и на американската книжевност.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Авторот на книгата, писателот и историчар Леон Каин (1841-1900), професор на Сорбона и конзерватор на големата библиотека во Париз Мазарин, во 1899 година го запознал младиот албански полиграф и полиглот Фаик Бег Коница (тогаш 23-годишен), со завршени филолошки студии во Франција, кој совршено го владеел стариот и новиот француски јазик, потоа неколку балкански и европски јазици, старотурски и новотурски, санскрит и други јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Обајцата беа свесни дека секоја голема библиотека во светот настојува да се спаси со спротивставувањето на губењето на меморијата, на нејзиното враќање таму каде што е целосно исчезната или се навестува нејзиното исчезнување, да се спаси конечно од губењето на нејзиното значење за човекот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татковата библиотека во еден момент на Климент Камилски му се стори како жив организам, како живо тело.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овие два лингво-интелектуални Дон Кихоти, како што вели нараторот, имаат своја цел: нивната крајна цел беше со нивните можеби единствени библиотеки во кои се дополнуваа Балканот и Европа, со книгите замислени како енциклопедиско надополнување на историското и културно минато, да го спасат Балканот од внесувањето на погрешните идеи, често накалемувани за во иднина кај народите по завојувачките војни и долговечната превласт на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За оваа книжарница библиотека во Париз се кажуваа легенди.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со денови не ја напушташе својата библиотека во потрага по интегралните значења кои му одминуваа од книга во книга.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Книгите и ракописите од оваа библиотека исчезнале од пламените јазици на пожарите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И кога тој го слушаше Климент Камилски како со одбрани патетични зборови зборува дека постои книга која треба да биде центар на библиотеката во систем околу кој гравитираат значењата на другите книги, како книга во другите книги, тој во себе наоѓаше убедлива потврда за моќта на својата теза за посебноста на секој поредок книги во сечија библиотека.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но крајната цел им беше: како да се обезбеди за нивните потомци мирна и среќна иднина, со изговор дека нивното веќе минало и единствената смисла на животот е во спасот на децата...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Причината поради која Татко го доведе Камилски во оваа џамија била некогашната библиотека на медресата која била во состав на џамијата, којашто како по бројот на книгите, така и по нивната разновидност се вбројувала меѓу најголемите библиотеки во XV век.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во неа имаше книги и ракописи кои не можеа да се најдат и во најголемите национални и општински библиотеки во градот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Твојата библиотека во минијатура ме потсетува на големата француска Национална библиотека на улицата Ришелје во Париз, каде што во почетниот дел се чуваат големите речници! коментира во шега Климент Камилски откако ги разгледа внимателно сите книги на чардакот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но нивната крајна цел беше со нивните можеби единствени библиотеки во кои се дополнуваа Балканот и Европа, со книги замислени како енциклопедиско надополнување на историското и културно минато, да го спасат Балканот од внесување погрешни идеи, често накалемувани во иднината и народите по завојувачките војни и долговечната превласт на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И така продолжуваше балканското пријателство на Татко и Климент Камилски, зајакнувано од нивните обединети балканвавилонски библиотеки во пресрет на новите предизвици на балканската историја...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Го чувствував мајчиниот трагизам, оставена да не ја доврши мисијата за која ја беше испратил во животот Севишниот, нејзината немоќ, низ татковите книги да го предвидува спасот на семејството.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше на извесен начин притаено задоволна, смирена, што најпосле ќе може некому од своите чеда да му ја препушти грижата за библиотеката во домот, каде што веруваше дека во книгите беше задржана татковата душа со која често можеше гласно и да зборува читајќи ги страниците врз кои беше посипана пепелта од цигарите при некогашните таткови занесни читања кога беше најжив, сеприсутен.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Уште тогаш ќе ја фасцинира големата библиотека во сарајот со книги од сите времиња, во разнобојни кожни рува, свето вардена и зголемувана во текот на векови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко го поведе Игора Лозински во својата библиотека во која светеше жолтата ламба. Ја подзасили светлината.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се сеќававме на распоредот на татковите книги во библиотеката во различните фази на егзилот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Да се допушти и натаму ова уништување, тоа ќе е, да речам, споредено со цивилизацијата - како целосно да се уништат сите големи библиотеки во светот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Директорката од малата библиотека во Шапоно, во писмото, навезано со убав ракопис, ме известуваше дека библиотеката во месец мај 1999 година слави дваесет години од основањето и комитетот на читатели одлучил по тој повод да повика на средба најчитан автор во тој период според статистиката на читаните книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И деновиве кога ја добив веста од Фајар, како и гласовите на солидарност од моите читатели, од вас во прв ред, зборот Шапоно продолжи посилно и почесто да одѕвонува во мојата меморија!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ја разбрав неговата порака, се преруштив во потрага по неговата француска врска, веројатно таа ќе заврши во нова книга од мојата балканска сага, ќе биде тоа еден вид метаморфоза на француските книги од неговата библиотека во нова книга, во продолжена книга, во жива книга...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Беше тоа период кога тешко го рланирав самиот своето време, поради големите и секојдневни дипломатски обврски.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И еве: еден испратен примерок е за библиотеката на вашиот татко; а другиот, ако сакате, нека биде за Унверзитетската библиотека во Скопје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И јас не бев слушнал, с до моментот кога во пролетта на 1999 година добив писмо од директорката на орштинската библиотека во Шапоно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц,
Вие на чудесен начин ја одржувате бесмртноста на татковата библиотека во борхесовска смисла, вникнувајќи во смислата на нејзината замислена и остварена метафора во мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Неговата подвижна библиотека во егзилот за секое значајно дело и настан во неговиот живот беше свртена кон потрагата на идентитетот на својот народ, за неговото илирско потекло, историската изолација во која гледаше причина за постојаниот егзил на својот народ од кој не беа изземени тој и неговото семејство.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)