Но и тоа не можеше да го задуши квичењето на прасињата во вреќите, кокодакањето на кокошките во кошниците, цивкањето на пилињата во машките шлицеви - а никаде да видиш барем свирипиле ако не билбил во кафез над пердушеста женска шапка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Којзнае не ли ѝ се чудел на глупавата селска тврдоглавост на тие луѓе со свои еднострани реформи и дејствувања за поткопување на темелите и сигурноста на неговиот поредок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но ако бил повеќе загрижен за коњите, 'ртовите, пауните и билбилите во сарајот со мраморни шадрвани, слушал меланхолична песна на една од своите пребели жени и ги заборавал човечките патила.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)