Современите Американци западнале во лошата навика изворот на сите нестандардни однесувања да го сместуваат или во природата или во општеството.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Божем близнаци кои не знаат кој кому му користи и особено кој кого го лаже.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Иронично, она што ја поткрепува позицијата на Дерида, е фактот дека самото попречување на желбата е неопходен услов за самата желба да се развие, оној секогаш речиси безгласен близнак кој ја придружува емоцијата, како што го дефинираме и, според тоа, невозможната присутност извитоперено се пројавува/прикрива самата себеси во аргументот на Дерида.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Она што недостига во целава шпекулација е претставата за општественото како начин на суштествување што се состои и од лично и од колективно искуство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Хомосексуалноста, криминалноста, зависноста, дури и претпочитањето на одредени потрошувачки производи (како во случајот со идентичните близнаци кои ги раздвоиле кога се родиле) сега се сметаат или за резултат на вродени особини, кои несомнено ни се запишани во гените или во геномите – денешнaта варијанта на „природа“ (порано тоа беа хормоните, а пред нив беше крвта) – или за израз на идиосинкретски хир, за личен избор, грев, дефект или некаква друга индивидуална особина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На која страна од таа дихотомија ќе ѝ припаѓаат може да зависи од нивната политика или од нивната вера, но сите тие изгледа се согласни дека тоа се во секој случај единствените две можности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)