блок (имн.) - потаму (прил.)

Нн-нее, но еј, види што пронајдов наместо тоа: Неколку блокови потаму од местото кадешто зборовиве и јас се наоѓа­ме меѓусебно како помалку или повеќе судбински предодредени љубовници, астрономите на Научниот институт за телескопски истражувања ја бараат изгубената Темна материја на космосот - тоа не е ситна загуба, бидејќи теориски опфаќа 95% од целата работа и е клуч за одговор на прашањето дали целата работа ќе продолжи и понатаму, ќе достигне некоја рамнотежа или со огромна воздишка ќе се струполи во Големо собирање.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)