XII Квечерината по богослужбата во која игуменот, отец Серафим, отец Иларион и сите калуѓери, се молеа господ да помогне манастирот да не се приклучува кон Албанија, полковникот Жино, шетајќи низ манастирот, ја виде црквата отворена, влезе внатре, виде дека нема никого и влезе да ги разгледува уште еднаш и подетално фреските што ги прикажуваат чудата на свети Наум.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На почетокот на деветтиот век, во словенскиот културен ареал се појавуваат сосема оформени системи на писмо, засновани врз грчкиот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тетка Евдокија ги направи првите чекори со тоа што ја одведе неколку пати на богослужба во Прилеп, а сега тоа е тетката Перса која не само што го отвори своето срце и ги прими како дел од себе, туку таа се обидува да го отвори патот на утехата и надежта.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Глаголицата и кирилицата како словенски системи на писмо се создадени со цел бележење на текстови на старословенски јазик, со што започна богослужбата во словенскиот христијански свет и создавањето на првата словенска христијанска литература.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)