борба (имн.) - ги (зам.)

Забележано е и постои извештај испратен до комунистичкото високо раководство дека „непријателите на народното движење и народната борба ги учиме да ја сакаат ослободителната борба и за неа да работат и преку трудот да бидат слободни...“
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нивната борба ги засили и другите маргинализирани бирачи - жените; етничките, малцинските и подредените групи; хомосексуалците - кои сега се борат за сопствените права.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Поголемиот дел од Македонците кои учествувале во овие борби ги поддржале Антониј и Октавијан и имале голема заслуга за крајниот исход на борбите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Таа безначајна значајност на македонската политичка борба на културната сцена се состои во тоа што: 1. процедурите и настаните во таа борба ги заменуваат и потиснуваат достигнувањата на онаа автономна културна продукција што вака-така е создавана во времето на социјализмот; затоа што 2. замената на културното производство со културнополитичките дебати не е ништо друго туку оживување на идеолошката машинерија на општеството преку интелектуалците кои, по промените од 1989/90, пак ги заземаат оние истите двојни позиции на лојалисти и воедно критичари на власта, позиции што ги заземаше и некогашната интелигенција на просветлениот (СФР)Југословенски социјализам; и конечно 3. затоа што учесниците во актуелните внатремакедонски борби се заправо носители на една иста концепција за култура - а тоа е идејата за „висока култура“ со која се репрезентираат државата и нацијата. Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)