бригада (имн.) - треба (гл.)

Според предвидениот план Првата македонско-косовска бригада требало да се пробие во Западна Македнија, Втората македонска бригада во Повардарието, а обединетите македонски, српски и косовски единици требало да создадат услови за развој на вооружената борба во Источна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Втората македонска ударна бригада требало да тргне на 31 јануари од реонот на с. Зборско со задача да дејствува во Тиквеш и реонот на Гевгелија со цел да го привлече вниманието на бугарскиот окупатор за да го олесни пробивањето на Првата македонска-ударна бригада во Централна Македонија и истовремено на третата група баталјони низ Источна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според добиените конкретни задачи: - Првата македонско-косовска ударна бригада требало да тргне на 31 јануари 1944 година од с. Бахово во правец: Бахово-Мариово-Дрен-Мукос-Бабуна Планина, со задача да дејствува во централниот дел на Македонија, задржуваќи се на просторот Азот-Порече.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)