бучава (имн.) - во (предл.)

Вслушувајќи се во таа бучава во којашто се тушираше сончевиот ден и во песната на славејчето, како да се најде повторно понесен од матицата на планинската река што синоќа го однесе во тврд сон, а утринава го повикува и тој да потече по своето корито на денот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не застануваа, одминуваа камионите со голема бучава во која се губеа нашите писоци и лелекања и болните офкања на ранетите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Наеднаш, тој се отвори за бучавата во кафеаната.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Научи наутро неколку туѓи шеги и умеј да ги кажеш во погодно време... 122 okno.mk Има и друг начин да се говори забавно без памет, само нека јазикот ти е виток и жилав; но, тоа е тешка наука, која само од жените може да се научи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Обидувај се да ги имитираш, обидувај се во твоите зборови да нема ниту врска, ниту смисла, твојот разговор на минута да менува по пет теми, пцостите, пофалбите, смеата, сожалувањето, обичниот расказ - сето тоа, речиси помешано заедно, нека лета покрај ушите што те слушаат, обидувај се, како барабанот, зад себе да оставаш само пријатна бучава во ушите... без да оставиш каква и да е смисла.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Под себе, низ него ќе поникнеа оние нечујни шумови што несносливо бучат во него и сега, она крештаво кркорење на радиото со прегорен електролид, клопоткањето на садовите во кујната и нервозното мрморење и трескањето со вратите од жената, сите неподносливи звуци што се собираа во непријатната бучава во главата и од кои мораше да избега и да дојде тука, на покривот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој направи само еден чекор, а со лесно наведнување на телото го надомести оној другиот чекор. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 118
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само два чекори го делеа од работ на покривот виснат над бездната на улицата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)