Тунис одамна беше и вистинската дипломатска оаза, еден вид резерват на великаните во дипломатијата, во која ги минуваа последните години на животот, дотогаш стари, искусни дипломати, прославени во нивното време со најразлични подвизи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Последната средба со поетот Махмуд Дарвиш ја имав кон крајот на 2007 година во Струга кога тој се овенча со поетскиот Златен ловоров венец на поезијата, вредувајќи се меѓу поетските великани во светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, мојот дамнешен пријател ми остана последната жива врска со Арафат, да ми сведочи за него, за нивното политичко разидување, сѐ до времето кога го изнесоа на смртната постела од бетонскиот кафез-резиденција...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)