венче (имн.) - од (предл.)

Еден, со бела коса само како венче од уво до уво, мазно избричен, ги исмејува Са врнате за да умрете на бучката, а кај ви е бучката?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Околу главите пак ни се враќаат венчињата од пеперутки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите, и старците, и бабите, и децата беа закитени со кивчиња од џунџуле и босилек, ги носеа на капите, на дартмите, во косите над десното уво, на облеката на градите, а чупите на главите носеа венчиња од малиново дрво и полски каранфили и во рацете црвени рози.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој трга, јас тргам. Околу главата ни вртат венчиња од пеперутки, а јас само зборувам, не му давам време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)