верба (имн.) - и (сврз.)

Дали само за тоа што беше повредена нашата верба и достоинството на борец викавме: - Смрт!!! - На бесилка!!! - На три метри под ѕид!!! Дали само за тоа ги баравме нивните глави?...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Послушноста, вербата и довербата во водачот и партијата - му беа патоказ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чепкаат во тоа што го поминале по планињето, без престан ги бараат виновниците за изгубената рака, нога, големите лузни, за опустошените села и уништените куќи, за осакатените и загинатите, за изгазената верба и лажните ветувања, за удолницата што ни ја направија многу стрмна и по која сѐ уште не сопираме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И обратно: ако имаме желба, верба и цел – триаголникот на пирамидата е некомплетиран, успехот изостанува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)