влада (имн.) - делотворен (прил.)

Промовирањето на геј-идентитетите за сметка на геј-субјективитетите можело полесно да се толерира во 1980-тите и во 1990-тите години, кога изгледало дека таа заштитна тенденција ги одразува најитните потреби во една катастрофална политичка состојба. ‌Со подемот на Новата десница, со сѐ поголемиот пустош од ХИВ/сидата, одново помодната хомофобија побудена од моралната паника поради епидемијата, а и поради неуспехот на повеќето влади делотворно да одговорат на медицинската катастрофа што им ги погаѓаше граѓаните, геј-движењето имаше разбирлив импулс да настојува да опстанеме како луѓе, да се одбраниме како припадници на група изложена на огромен колективен ризик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)