Ниеден светоглед не може да го избегне соочувањето со политиката како техника на владеење во општеството и со општеството.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Завршуваше и пледоајето за овој симбол на османското единство и владеење во текот на изминатите векови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски се насмеа, но потоа, прифати со сериозен тон: Смеата настрана, но нема збор што би можел, подобро од оваа поговорка да го долови не само албанскиот туку и целиот балкански инает, создаван и пластен во времето на османското владеење во нашите земји!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски ja чувствуваше мошне блиску темата на инаетот, како психопедагог, a со поговорката што ја кажа, за таткото, мајката и децата тој целеше кон едно од главните обележја на балканското патријархално семејство, во кое владееше ригидноста на воспитувањето во реската поделеност на родителскиот авторитет и детската послушност, како два облика на инает, кои се формирале помеѓу двете генерации.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кордоба ќе стане една од тогашните европски престолнини, ќе биде наречена украс на светот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Оваа година ќе го означи и почетокот на муслиманското владеење во Шпанија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко и Камилски требаше конечно да се изјаснат и за баклавата дали ќе заземе место во нивната конечна листа за (без)-опасните османизми, чиешто конечно составување претстоеше.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За кратко нејзиното распаѓање било сопрено со Кримската војна (1853-1856) кога Англија, Франција и Сардинија ја оспориле руската превласт во решавањето на источното прашање.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Но со Првото српско востание (1804) и востанието во Грција (1821) започнал процесот во кој се оспорува нејзиното владеење во Европа и дошле до израз ослободителните движења на балканските народи.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тој внимателно ме слушаше, се разбира, го прифати мојот неочекуван предизвик.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Арафат имаше мигови во нашите повеќегодишни средби во Тунис од крајот на 1995-та па сега до есента 1989 година, кога ми ја подотвораше душата и со доверлива искреност излегуваше од вообичената тема и преттекст на дипломатскиот прием, за да слезе длабоко во душата и да ми ја пренесе вистината за својата љубов Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Јас охрабрен продолжив: - Јасер Арафат во поновата историја на владеењето во светот, во најголем дел од XX век, но и почетокот на XXI век, како да настојуваше да наложи нови вредности.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нејзиниот сопруг, макар што имаше браќа и сестри дамна заминати во Турција и со веќе бележити места во животот и владеењето во новата земја, тврдокорно беше решен да остане во куќата крај Езерото и да им остави во аманет на своите синови никогаш да не заминат од родниот крај.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој беше вистински шраф на големата машинерија на механизмот на владеењето во кој јас со мојот наивен ентузијазам можев да се вклопам засекогаш.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со овие неизбежни мисли за сјајот и бедата на владеењето во нова Картагина, во која стариот Југурта ги завршуваше своите последни години во својот златен кафез, се доближувавме кон Добриот `рт, на долго очекуваната матанѕа...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ветуваше дека ќе остане докрај верен на своето мирољубие, до своето конечно враќање и владеење во Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И кога времето на Хабиб Бургиба завршуваше во мит, новиот владетел Бен Али, го посетуваше стариот владетел, во една пригода го донесе и во картагинската палата, но тоа се случи многу подоцна...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)