Владиката го погледна Трајка од високо и од нервоза му се засука брадата и косата во суграви сугурци.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но кога Трајко му рече дека е испратен од селаните, а кога подвлече со особен тон дека носи и пари за тоа, владиката го промени тонот на својот разговор и му вети дека ќе им ја исполни желбата на селаните, толку повеќе што го познава човекот и лично, та сака и нему да му направи добро, верувајќи дека со тоа ѝ прави добро на црквата, на верата и народот, бидејќи Петко беше сигурен во секој однос.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На првата редовна служба Петко беше ракоположен за ѓакон, утредента за свештеник, и откако владиката го испраша дали ги знае сите поповски марифети, а особено откако ги брои Трајко дваесет и петте златни лири, нашиот Петко ја кладе в џеб „грамотата", си ја наметна шапката што му ја купи самиот коџабашија за спомен и си дојде в село како вистински поп.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Хрисостом на грчки значи Златоуст”. „Во вашиот германски не се чувствува ни трага од грчкиот”, му рече есесовецот. „Во изговорот, можеби.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И со овој настап владиката го плени Греманецот кој падна под споменатите зборови на митрополитот изговорени на совршен германски. „Убаво сте се сместиле тука”, му рече Хрисостом на есесовецот, во исказ во кој војникот не ја препозна суптиланата иронија на владиката.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во Атина од каде што доаѓаше владиката тој беше сведок на вистински драми врзани за прогоните над локалното еврејско население. Митрополитот имаше време и расположение за сите присутни, но посебно внимание им обрати на посетителите во германски униформи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Јас сум решен да ја следам нивната судбина*”. „Двајцата”, додаде спокојно Лука Карер.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Истиот ден од пристигнувањето на Хрисостом, во зградата на митрополијата владиката го посетија мајорот Лит, шефот на безбедноста Беренц, префектот Кесар Марѕокис што ја претставуваше цивилната власт на островот, градоначалникот на Закинтос Лука Карер и други видни граѓани на островот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Рековте, го носите бараниот список со имињата на еврејските семејства”. Владиката го одложи својот длабок поглед врз лицето на Алфред Лит и по една недолга пауза од која Лит се почувствува нелагодно, го сврте профилот кон Лука Карер.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)