Штом ќе им дадела знак на селаните од околните села дека Господ внимава на нив и на нивниот премор, штом ќе го замолела Господа да ги благослови житјето, овошките, рибите во езерото и водите езерски послани до манастирските бедеми, таа се повлекувала во својата келија, ги земала бројаниците, коленичела и молитвела, молејќи ја Пресвета Богородица да ја престори ангел, кој вечно ќе ѝ служи и ќе ѝ се поклонува: Пресвета дево, Владичице наша, Богородице, мајчице наша, мојата молба услишија, во ангел престори ме, со светлина дари ме, со чесен и небесен подари ме, Пресвета дево, мајчице наша. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Небото го покрија црни облаци и водата езерска имаше црвена боја.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ама низ нив божем имало дупки длабоки, а водата езерска низ нив течела наудолу. - Па и можело така да е.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)