ТЕРЕЗИН ДНЕВНАТА СВЕТЛИНА НА ИСТОРИЈАТА Уште пред да дојдеме овде знаевме дека минатото е такво какво што било а иднината треба да се оттргне од канџите на опасноста Среде полјаната на скршени крилја студеше јасникот како прекор од минатото како во некоја од песните на Бертолд Брехт Тука спомените имаат тапија на неизбришливост - запишани се во погледите на жртвите и се читаат без ламба, на дневната светлина на историјата При раноутринското триење на очите некои спомени стануваат музикални како вечниот шумол на јасиките крај Лаба Се навиткуваат во мислите музичките кутии од детството преполнети со нечујна музика Натежнува тишината понекогаш како прв поглед на вљубените понекогаш како проштална воздишка во темнината Тишината речиси секогаш е стартна линија на враќањето во себе обележена со ронки горчина и надеж, надеж.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
А над нив блеска големо око, позлатен жолток од џиновско јајце; удира дожд: веќе нема луѓе и нема живот, сонцето се гасне, утре ќе е парче прегорен јаглен во темница без волчи завивања и без љубовни воздишки во која заглибила лагата на верувањето.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не се слушна сега ни шум, ни воздишка во одајчето.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Гласна воздишка во непроѕирната ноќ.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)