Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Околу него не постоеше ништо. Сѐ беше само смрзната сегашност, суров закон, недвосмислена сигурност дека е грч со разлокани зглобови и дека по вторпат се лизга низ воздухот кон една бездна.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Таа го виде руното од бело крзно на грбот на мачорот, како се згрчува, и во следниот миг мачорот беше седнат на задните нозе, а забите му беа откриени, злобно ржеше и дивјачки удираше со предната шепа во воздухот кон неа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот. Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се издигам на топлиот воздух кон грлото на бунарот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)