војник (имн.) - не (чест.)

Војникот не смее да мисли. Негово е да извршува наредби.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Војник не сакаше да им оди, а таа кутрата, господ да ѝ прости... - рече Божана - ѝ се стегна грлото и дури одкако ѝ потекоа солзи од очите, бришејќи ги, изговори некако:- Се обеси.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Војници не гледам, но гледам бункери, безброј бункери! - Оставете ги бункерите. Тие се празни. Без војници во нив.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога беше со војниците не му се разговараше, сега, без ниеден сопатник, сакаше да се разспие пред некого, да се откопча како школка и да го покаже својот мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Војникот не чека и ја развалува вратата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јандро не можејќи да ја преболи смртта на сина си Дуке, отиде во Кучешката касарна и со пиштол почна да ги тепа кучињата. Ги тепаше сѐ дури и него војниците не го отепаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Јас војник не сум бил. Некако ми е жал да кренам рака на жив човек.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Војниците не сакаат да слушаат докрај: крцкаат со заби и ги гмечат летоците фрлајќи ги под нозе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)