врапче (имн.) - се (зам.)

Благица беше пресреќна дека врапчето се навикна со нив, како тука да е израснато.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Врапчето се помрдна и закопча канџи за прстот на Циљка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Речи обично - по веќе определен ред, веќе видено, познато... редење на столчиња во холот, а тоа значи дека откако ќе заврши приредбата - враќање во училиште... мораше така, немаше друг излез... како наводенети врапчиња се прибравме во холот... а надвор врне, со студен ветер, небаре секој миг ќе заснежи...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Приказната се рани со зборови; хашишот се гади од зборови; ги превртува, отфрлува, ги зема оние кои ги сака.  Врапчето се однесува како цвет.  Се обидувам, сепак, со приказна.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Врапчињата се натпеваат, целата шума потпевнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едо се насмевна поткревајќи ја главата од што врапчето се исплаши и одлета.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)